Нови цени на патарините: Колку загадиш, толку ќе си платиш!
Објавено во: Свет 15 Март, 2017
Германија не би требало да воведе нови цени на патарините на автопатиштата пред 2020 година, што е три години подоцна од очекуваното, соопштуваат од германската влада.
Владата на Германија во јануари одобри план да се воведат нови цени на патарините за патничките возила регистрирани во странство.
Цената на патарината зависи од степенот на загадувањето на околината.
Како што пишуваат германските медиуми, тендерската документација во врска со новиот систем на наплата покажала дека оваа одлука во блиска иднина може да биде проширена и на автобусите и мотоциклите.
Во Германија очекуваат државата од патарините да може да заработи 500 милиони евра годишно.