29 Април, 2024
0.0261

ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА: Издадена нова емисија од Капитал банка

Објавено во: Финансии 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Капитал банка АД Скопје ја зголеми основната главнина на друштвото со издавање на 11.254 обични акции по пат на приватна понуда во петта емисија. Централниот депозитар за хартии од вредност објави дека вчера е извршен упис на акциите.

Со новата емисија основната главнина на Капитал банка Скопје изнесува 7.107.689 евра.

Инаку во емисијата, издадени се вкупно 39.996 обични акции со номинална вредност од 177,71 евра за една акција.

Претседателот на Управниот одбор на Капитал Банка, Цветан Петринин во интервју за Фактор во декември зборуваше за докапитализацијата. Прво беше извршена докапитализација со зголемување на основната главнина за три милиони евра, а на почетокот на годината за уште два милиони евра. 

„Новите докапитализации од вкупно пет милиони евра се клучни за развојот на банката, кој неминовно и паралено мора да биде проследен со соодветен раст на капиталот. Само со нивна усогласена кохезија може да се планира и предвиди остварување на долгорочните цели. Имајќи ги предвид стратешките цели, Капитал Банка е во процес на зацврстување на капиталната структура, со цел таа да биде ставена во функција на остварување на планираниот раст и долгорочните деловни цели, и главната цел во блиска иднина - проширување на  лиценцата за извршување на банкарски активности и работа со странство, односно соработка со странски правни лица, што всушност е индината на интеграцијата на државата во европските пазари, изјави Петринин.

Зајакнувањето на капиталната позиција на банката делува превентивно врз потенцијалните ризици, и ќе доведе до зголемена безбедност за штедачите, раст на кредитирањето, а ќе ја зголеми и профитабилноста на Капитал банка.


Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?