26 Април, 2024
0.0265

Нови компании во состав на SEE Link индексите

2 нови компании вклучени во SEE LinX и SEE LinX EWI индексите

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Откако берзите од Бања Лука и Сараево станаа активни членки на  SEE Link во август 2017 година, индексите на SEE Link - SEE LinX и SEE LinX EWI се ревидирани со цел да се вклучат нови компании и да се обезбеди порепрезентативен опфат на пазарите на SEE Link.

Комисијата за индекси на SEE Link ги вклучи следните акции во SEE LinX и SEE LinX EWI индексите:

•Telekom Srpske a.d. Banja Luka (Banja Luka Stock Exchange)

•BH TELECOM D.D. SARAJEVO (Sarajevo Stock Exchange)

Компании во состав на SEELinX и SEELinX EWI индексите од 18 Декември, 2017:


Пресметката на индексите со новиот состав ќе започне од 18 декември 2017 година.

Индексите на SEE Link  ‒ SEE LinX иSEE LinX EWI ‒ беа лансирани во почетокот на април 2016 година. Индексите се составени од најактивно тргуваните регионални компании кои котираат на седумтте берзи кои партиципираат во SEE LINK. Со пристапувањето на новите берзи,се врши периодична ревизија на индексите со цел да се обезбеди порепрезентативен опфат на пазарите на SEE LINK.

SEELinX index е индекс пондериран според пазарната капитализација прилагоден за слободните акции(free float)  на секојa компанија, додека SEELinX EWI е еднакво пондериран индекс со истите компании.

Базната вредност на секој индекс е поставена на 100 поени и се пресметува во реално време во евра (ЕУР).

Системот за пренасочување на налози на SEE LINK сега поддржува тргување на вкупно седум пазари, со вкупна пазарна капитализација на пазарите од повеќе од 50 милијарди САД долари и над 1200 хартии од вредност кои можат да се тргуваат. Вкупно 34 инвестициски компании (брокерски куќи) можат  да тргуваат преку SEE LINK.

Атинската  берза се подготвува за поврзување со SEE LINK и уште една регионална берза изрази интерес за приклучување.

Системот има за цел да ја зголеми ликвидноста и да го подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери на пазарите на SEE LINK .

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“