26 Април, 2024
0.0255

НОВИ КОНЦЕПТИ: 5 брендови кои ќе го менуваат светот

Објавено во: Стил 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Бил доволен само еден гаф на лутата конкуренција да еден американски бренд стане глобално познат. Се работи за компанијата Lyft, опонент на светски познатиот Uber кој се замери со корисниците бидејќи непопуларната политика на Трамп одлучил да ја сврти во своја корист. Во почетокот на јануари оваа година, таксистите кои превезуваат од познатиот аеродром JFK одлучиле на еден час да ги изгасат своите мотори како би покажале дека не се сложуваат со забраната на влезот на жители од блискоисточните земји. Наместо да му се придружат на штајкот, оние од Uber одлучиле да ги искористат за привлекување на клиенти. Корисниците многу брзо одлучиле да го казнат Uber преку социјалните мрежи со хаштагот  #deleteUber повикувајќи на бришење на апликацијата. И додека Uber се обидува да ја преброди најголемата криза во својот млад живот, Lyft и ветил на американската јавност дека во четири години ќе донира милион долари на Американската унија за граѓански слободи.


Прилично младата и во светот не толку позната старт ап компанија која, како Uber се занимава со автопревоз, тој потег го лансираше во ѕвездите. Освен што за тоа пишуваа сите релевантни светски медиуми (Lyft е прикажан како анѓелска, а Uber речиси како ѓаволска компанија), магазинот Fast Company го зацврсти на пописот пет брендови важни за модерниот свет. Имено, спомнатиот магазин традиционално избира 25 брендови кои ќе го одбележат ова модерно време, а меѓу нив се и имињата на Гугл, Амазон, Елп или Тесла. Оваа година се одлучи да состави уште една, кратка листа, и тоа со пет брендови кои во следните години би можеле да станат важни, и да и се придружат на елитната листа со Гулг или Епл.

Едноставност и екологија

На прво место е да се спомене, во американскиот народ популарниот Lyft, кој наскоро би можел да стане и глобална конкуренција на Uber. Освен што засега има добра маркетинг комуникација, прилично е иновативен во своите услуги, а остварува и сериозен 

двоцифрен раст. Потрошувачите го доживуваат како топол, пријателски бренд, а тој поим ја зајакна ситуацијата со Uber и Трамп поради која бројот на корисници на Lyft пораснал за 60 посто. Следниот бренд кој според жирито на  Fast Company има големи шанси да стане важен е – Slack.


Се работи за платформа (апликација) стара четири години која е наменета најмногу за бизнис комуникација. Идејата која стои зад Slack е да го оптимизира бизнисот, односно да ја зголеми работната ефикасност олеснувајќи ја комуникацијата меѓу вработените. Накратко, Slack ги обединува сите канали на интерна бизнис комуникација во еден (од меил па до месинџер), а бидејќи е едноставен за користење и потсетува на некоја од социјалните мрежи, вработените таа алатка ја прегрнаа весели. Без разлика дали се работи за една зависност (да речеме како Фејсбук) или апликација која навистина ја подобрува комуникацијата, аналитичарите му предвидуваат сјајна иднина. 

На листата важни брендови се најде и еколошки освестената модна компанија Everlane. Бидејќи купувачите многу добро реагираа на неговата биснис стратегија како еколошко производство со минимална употреба на вода и енергија, се предвидува дека Everlane ќе биде еден од предводнците на екомодата и екотрговија и така ќе ја промени модната индустрија, а и начинот на кој се тргува. Секако, компанијата успева на купувачите да им понуди и квалитетни ‘stylish’ парчиња, што секако придонесува до нејзината популарност меѓу милениците кои се грижат за подобро утре.


Фанови на миленуимот

Тие потрошувачи се заслужни за цутот на уште еден американски бренд кој во идните години би можел да го надмине Атлантикот и да отвори свои бизниси во Стариот свет или пак далечната Азија. Се работи за ланецот на здрави ресторани Sweetgreen, кој ги воодушевува купувачите со својата понуда на сезонски салати, односно зеленчук, овошје, и други намирници од кои може да составите вкусни оброци. Иако е основана во 2007 година во Вашингтон, компанијата дури во последните години добива внимание од американските медиуми, потрошувачи , па така и успева да оствари двоцифрен раст на приходите.

Sweetgreen од своето основање се држел до зелената филозофија и ограничена понуда (салати), а таа упорност и доследност конечно му се исплати. Моментално е еден од омилениот бренд на миленуимот. Освен што се задоволни со неговата понуда (сезонско, органско и локално одгледано овошје и зеленчук) на потрошувачите им се допаѓа неговата ненаметлива маркетинг комуникација, а и фактот дека со својата целна група се поврзува на не така конвенционални начини. Да речеме, еднаш во годината компанијата организира музички фестивал Sweetlife, кој бележи се поголем број посетители. Каде се потрошувачите, тука се и инвеститорите, кои се одлучиле да вложат милиони во бизнис на продавници на салати, чиј промет се врти околу 40 милиони долари на година. Десетици, ако не и стотици милиони долари ќе се слеат на сметка на компанијата  DJI, која Fast Company ја смести на петтото место. Тој покренувач на револуцијата на беспилотни летала, дронови, како изгледа, е одлучен да ги направи  ‘mainstream’ производ. Неодаман претстави помал модел на дрон кој може да се користи во затворен простор, но и DJI Goggles, голем ‘headset’ кој овозможува купувачот да гледа со „очите на дронот“ што е сигурно посебно искуство.

Иако спомнатите брендови од листата работат во целосно различни индустрии, заедничко им е што имаат многу близок однос со своите купувачи (фанови) , кои ги препознаваат како пријателски настроени и иновативни (Lyft i DJI), едноставни (Slack) и еколошки освежувачки (Sweetgreen и Everlane).  Можеби токму во тие карактеристики е и тајната на нивниот успех и идни големи важности за пазарите во кои работат.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти