Нови затруени од сендвичи од „Седмица“
Објавено во: Македонија 19 Август, 2017
Десет лица се третирани на Инфективната клиника со симптоми на труење од храна откако јаделе хамбургери во скопската сендвичарница „Седмица“.
Шест од нив се задржани на клиниката, а останатите се пуштени на домашно лекување.
Тројцата пациенти пак кои биле примени во ГОБ 8-ми септември се во добра здравствена состојба.
Сендвичарницата денеска е затворена. Надлежните земале примероци од храната, брисеви од работните површини како и од вработената која работела со меленото месо за плескавици, а инспекциски надзор е направен и во работилницата од каде се подготвува месото.
Затруени со храна од истата сендвичарница имаше и во текот на вчерашниот ден.