НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Охридски Косел пак се тресе
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017
Нови два земјотреси се регистрирани во раните утриснки часови во околината на охридски Косел.
Европско- медитеранскиот сеизмолошки центартаму регистрирал земјотрес 4.13 часот утрово со јачина од 2.5 степени. Епицентарот бил 6км од Косел на длабочина од 3 км.
Вториот земјотрес на 3 км од Косел е забележан во 7,30 часот утрово .
Тој бил со јачина од 2.4 степени и на длабочина од 2 километри.
Во изминатите три дена ова подрачје во Македонија е мета на земјотреси.
Завчера пред полноќ беше регистриран земјотрес со епицентар на 6 км од Косел и 9км од северо-источно од Охрид на длабочина од 2 километри со јачина од 2,4 степени нешто пред 23 часот.
Пред тоа во текот на денот земјотрес беше почуствуван југозападниот дел на Македонија со со интензитет од 3.9 степени според Рихтеровата скала во 15 и 10 ч.