Нови земјотреси во Сисак
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2020
Во близина на Сисак се почувствувани два нови земјотреси.
Околу 18:30 часот, ЕМСЦ забележа земјотрес со јачина од 3,9 степени. Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 3,9 степени повторно ја потресе земјата.
Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, излезе со емотивна изјава по земјотресот порачувајќи дека градот практично нема раководство и дека сите институции се уништени.
„Она што треба да го кажам е дека искрено сочувствувам со сите семејства кои ја преживеаја трагедијата. Градот Петриња минува низ пекол по овој земјотрес што не можевме да го видиме во ниту еден филм. Сè што искусивме пред се како град, имам чувство дека душата и центарот се уништени од градот и можам сето тоа да го кажам со само една реченица: Граде, зошто минуваш низ ова?“- изјави Думбовиќ за Х1.
Думбовиќ тврди дека има повредени и има мртви.
Денеска во Хрватска имаше земјотрес од 6.2 степени, а има и неколку жртви.