17 Мај, 2024
0.0253

Новинари открија древен бугарски град со дрон

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Тој е во близина на селото Сарница во општина Минерални бањи.

Антички бугарски град, опкружен со шуми и заборавен од луѓето, е откриен во близина на селото Сарница. Откритието е сосема случајно кога група новинари, тргнале на експедиција. Паулина Михов раскажува дека тргнале со двајца колеги кон „Орлови карпи", за да направат слики со дрон. При тоа виделе дека малку понатаму  штрчи врв на карпа.

„Изненадувањето беше големо кога дронот на Иван Мануилов ни откри величествена глетка. Станува збор не за една скала, туку за цел комплекс, издлабен во карпа“ - вели Михов.

Според неа комплексот најубаво се гледа од високо. Градот има  скалила што водат кон него, но и знаци што укажуваат дека имало светилиште.

Целиот комплекс е долг околу 900 метри, а научниците во Софија веќе ги добиле фотографиите. Велат ова е нешто исклучително и со меѓународно значење за археологијата и праисторијата.