19 Август, 2017
0.0589

Новиот Битолски путер е совршен за подготовка на вкусни домашни колачиња и кифли

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2017

Битолскиот путер е најновиот производ од Бимилк што ги воодушевува сите сладокусци и љубители на вистинскиот вкус на путерот. Битолскиот свеж путер е создаден од најквалитетни суровини. Неговиот совршен мирис и вкус им дава нов живот на сендвичите, на колачите и на омилените јадења. Тој е вистинскиот сојузник во кулинарската уметност бидејќи го облагородува секој домашен колач или, пак, јадење што сме решиле да го зготвиме.

Освен што е идеален за подготовка на секое домашно јадење, Битолскиот путер е одличен извор на енергија, природно богат со витамините А и Д што заедно со многуте хранливи состојки благотворно влијаат врз организмот. Битолскиот путер е природен, здрав и вкусен избор за секого.

Во продолжение ви претставуваме два интересни рецепти со Битолски путер што ќе ве вратат во детството. Мирисот на домашните колачиња и кифлички е еден од најпосакуваните мириси во куќата. Сигурно сите се сеќаваме на вкусот и на мирисот на меките кифлички и колачиња што ги правеше нашата баба. Тајната на совршениот вкус е путерот што го комплетира вкусот со секој нареден залак. Сега вкусните домашни кифлички можеме да ги направиме со Битолски путер и со нив да ги воодушевите семејството и гостите.

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Потребни состојки:

150 гр Битолски путер
220 гр шеќер
300 гр чоколадо
1 јајце
1 жолчка
300 гр брашно
1/2 лажиче сода бикарбона
1/4 лажиче сол

Подготовка:

На тивок оган го растопуваме Битолскиот путер, а потоа го оставаме настрана за да се излади. Во растопениот путер го додаваме шеќерот и матиме, а потоа ги додаваме јајцето и жолчката. Матиме додека не добиеме кремаста смеса. Потоа во смесата ги ставаме брашното и сода бикарбоната, а на крај додаваме ситни коцки чоколадо. Со раце ги обликуваме колачињата и ги редиме во тава обложена со хартија за печење. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 170°C 15-17 минути.


Путер-кифли

Потребни состојки:

100 гр Битолски путер
1 кг брашно
500 мл Битолско млеко
300 мл масло
2 јајца
1 супена лажица сол и малку шеќер
50 гр квасец
За премаз: 1 јајце, сусам, 100 гр Битолски путер

Подготовка:

Во млако млеко го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои. Во друг сад ги мешаме јајцата, шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место за да нарасне. Нараснатото тесто го делиме на три дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 45 см. Со нож сечеме 12 делови (триаголници) или 16 доколку сакаме помали кифлички. Растопуваме Битолски путер (100 гр) и со помош на четкичка го премачкуваме секој триаголник, а потоа ги завиткуваме кифличките (по желба тука може да додадеме и сирење доколку сакаме во кифличките да имаме и сирење). Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути.
Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам. На крај, на секоја кифличка ставаме мало парче Битолски путер. Ги печеме кифличките во загреана рерна на 200°C околу 18-20 минути.

Битолскиот путер е достапен на пазарот во пакување од 200 грама и може да се купи во сите подобро снабдени маркети низ Македонија.

За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница: www.bimilk.mk или Фејсбук-страницата на Бимилк

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Привршува изградбата на пречистителната станица во Струмица

ВИДЕО: Привршува изградбата на пречистителната станица во Струмица

Фото: Гужви како што немате видено на летниот Garage Sale

Фото: Гужви како што немате видено на летниот Garage Sale

Земи кредит без камата – проверивме и навистина е така!

Земи кредит без камата – проверивме и навистина е така!

Полскиот спелеолошки нуркач Стравнавски по втор пат ќе го руши рекордот во длабочина во пештерата Врело на Матка

Полскиот спелеолошки нуркач Стравнавски по втор пат ќе го руши рекордот во длабочина во пештерата Врело на Матка

Македонските пинг понгари финишираа на 6то место

Македонските пинг понгари финишираа на 6то место

Започна Garage Sale во Рамстор Мол - Правиме чистка

Започна Garage Sale во Рамстор Мол - Правиме чистка

Средба на најдобрите европски креативци

Средба на најдобрите европски креативци

СО DINERS CLUB CROATIA КАРТИЧКА ДО ПОЛИСА ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ СО БРОЈНИ ПОВОЛНОСТИ

СО DINERS CLUB CROATIA КАРТИЧКА ДО ПОЛИСА ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ СО БРОЈНИ ПОВОЛНОСТИ

Апел на ЕВН Македонија до земјоделците: Внимателно при земјоделските активности под далноводите!

Апел на ЕВН Македонија до земјоделците: Внимателно при земјоделските активности под далноводите!