Новиот јавен обвинител денес треба да биде „аминуван“ од пратениците
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2017
Конечно на ред дојде изборот на нов јавен обвинител и втора продолжена работна седмица за пратениците.
Владата го предложи Љубомир Јовески а тој денеска треба да помине во Собрание и да добие поддршка од пратениците.
За да биде избран и да биде официјално заменик на контроверзниот Марко Зврлевски за Љубомир Јовески треба да одлучи просто мнозинство од 61 глас.
Јовески веќе 15 години е дел од ЈОРМ и беше заменик јавен обвинител на Зврлевски .
Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.