30 Април, 2024
0.0243

НОВИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ „ТРИЈАТ“ РАЦЕ - од идната година повеќе пари и од данок на доход и од ДДВ, како ќе се контролираат во трошењето?

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Дел се веќе избрани и седнаа на новите градоначалнички фотељи, дел во недела одат на соочување со своите противкандидати во вториот изборен круг и се надеваат на победа, но факт е дека новите градоначалници кои ќе бидат избрани на овие локални избори имаат уште една причина повеќе за задоволство, а тоа е дека од идната година ќе им се слеваат повеќе пари од даноци во нивните општински каси.

Тоа го предвидуваат предлог законските измени кои набргу треба да се гласаат, а со кои се планира и општините да можат да се задолжуваат, но и да сносат многу поголеми одговорности доколку не знаат добро да управуваат со парите и со финансиската стабилност на нивните локални самоуправи. Поточно, ќе се зајакне целата постапка во која градските татковци ќе мора да прогласат финансиска нестабилност на општината, но и неа да ја надминат.

Во идната година, наместо три отсто како досега, кај општините ќе одат четири проценти од приходите од персонален данок на доход. Во 2023 година тоа учество ќе се зголеми на пет проценти, додека, пак, во 2024 година тој износ ќе достигне ниво од шест отсто.

Исто така, во наредната 2022 година, кај општините приходите од данокот на додадена вредност ќе се обезбедат во висина од 5 отсто од наплатениот ДДВ остварен во претходната фискална година, а во 2023 година тој процент ќе се зголеми на 5,5 отсто, за да се искачи на шест проценти во 2024 година.

Предлогот Законот за измени и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа веќе стигна во собраниска процедура, а по завршување на локалните избори за него ќе расправаат народните избраници. Предлагач на овој закон е Владата, а ќе го бранат министерот за финансии Фатмир Бесими и неговиот заменик Димитар Ковачевски.

Од Владата велат дека со ова законско решение треба да се подобри фискалниот капацитет и да се зголемат приходите на општините, преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход.

Во делот на она што значи зголемување на финансиската дисциплина, односно намалување на големите долгови што ги имаат општините, Министерството за финансии ќе им даде можност да користат еден од три кредитни инструменти, со цел надминување на проблемите со доспеаните, а неплатени обврски и тоа користење на условен кредит (standby) од Министерство за финансии, издавање на општинска обврзница за познат купувач – МФ и издавање на структурна обврзница од страна на МФ.

„Овој начин на решавање на проблемите со ненамирените обврски ќе биде поврзано со исполнување на условите за прогласување на финансиска нестабилност. Истовремено, во овој дел ќе се зајакне целата постапка, од самиот момент на прогласување - до делот на надминување на финансиската нестабилност. Во делот кој се однесува на зајакнување на фискалната одговорност на општините со законските измени кои ќе следат се очекува зголемување на транспарентноста на работењето  на општините, со кое општините ќе имаат обврска на транспарнтен начин да објавуваат финансиски податоци на своите веб страни, како и зголемена отчетност во трошењето на сите средства кои се доделени од страна на државата“, се вели во образложението.

Од власта тврдат дека на овој начин на единиците на локалната самоуправа се обезбедуваат стабилни приходи во Буџетот на општината.

„Општините остваруваат приходи од данок на личен доход наплатени во тековната година. Приходите од данок на личен доход наплатени во тековната година се распоредуваат по општини, и тоа: шест отсто од данок на личен доход на лични примања  од плати од физички лица наплатен во општината во која се пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште и 100 отсто од данок на личен доход од физички лица кои се занимаваат со занаетчиска дејност“, се вели во новото предлог законско решение.

За ДДВ, пак, се вели дека „приходите од ДДВ кои се обезбедуваат во висина од шест отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година се распоредуваат во три дела и тоа:oсновен дел - 4,5 отсто од наплатениот ДДВ остварен во претходната фискална година, дел за перформанси - 0,75 отсто од наплатениот ДДВ и дел за вооедначување - 0,75 отсто од наплатениот ДДВ“.

Кога станува збор за задолжувањето на општините, пак, се наведува дека Министерството за финансии нема да даде согласност за задолжување на општините кои во последните 12 месеци имале задоцнување и во предвидените рокови не ги подмириле своите обврски кон државата по основ на кредит или издадени гаранции.

„Градоначалникот на општината ќе мора да ги извести Советот и Министерството за финансии најдоцна во рок од три дена од денот на настанувањето на финансиската нестабилност и до Советот на општината да достави Предлог План на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Планот на мерки за надминување на финансиската нестабилност може да опфати период не подолг од шест месеци. Градоначалникот на општината го објавува усвоениот План на веб страната на општината“, се вели во предложениот законски текст.

Градоначалникот на општината откако кај него ќе се прогласи финансиска нестабилност не може да започне нови капитални проекти и инвестиции финансирани од сопствени 

средства на општината, да донесе измени и дополнувања на годишниот план за јавни набавки, да основа јавни претпријатија, трговски друштва и јавни установи, да започне постапка за нови вработувања и унапредувања на постојните вработени, како и  ангажирање на нови лица и не може да донесе одлука за избор на најповолен понудувач за сите започнати постапки за јавани набавки, освен за постапки за јавни набавки за кои се обезбедени финансиски средства од Буџетот на државава.

Одобрените средства не можат да се користат за плаќање на обврски за репрезентација, мебел и возила и други несуштински расходи.

Затоа, пак, овој инструмент може да се употребува за подмирување на обврски кон УЈП и други јавни давачки од страна на општината. 

Доколку општината корисник на средства по основ на инструментите не ги подмири навремено своите обврски кон Министерството за финансии, тоа има право да задржи дел од дотациите за ДДВ кои треба да се распределат на општината, до износ потребен за наплата на побарувањето.

На општината корисник на средства која ќе задоцни со отплата на ануитетот во рок подолг од 15 дена, ќе и доспее целиот износ на долг.

Владата во рок од два месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе ја формира Комисијата за следење на  развојот на системот за финансирање на општините.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?