26 Април, 2024
0.0272

Промотивно - 50% намалени редовни надоместоци за брокерско тргување

Новитет на берзата – Шпаркасе Банка со нова Дирекција за услуги со хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

На 9.1.2017 г., во рамките на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје започна со работа новата Дирекција за услуги со хартии од вредност, која покрај другите услуги, на клиентите ќе им нуди и брокерски услуги (тргување со хартии од вредност).

Во делот на брокерските услуги, тимот од искусни и едуцирани брокери ќе им овозможи на идните клиенти брзо и едноставно тргување со хартии од вредност на Македонската берза, како и на сите берзи од регионот – Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, а наскоро и од Босна и Херцеговина, Грција и од Романија (СЕЕ Линк членки).

Дирекцијата ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност, и тоа:

·  купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;

·  купување и продавање хартии од вредност по налог и за своја сметка;

·  управување со портфолио на хартии од вредност;

·  вршење активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;

·  дејствување како покровител при котација;

·  инвестициско советување;

·  активности за сметка на трети лица за преземање акционерско друштво во согласност со Законот за преземање акционерски друштва;

·  чување хартии од вредност;

·  прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Промотивно, со цел соодветно да го одбележи почетокот на работењето, Банката овозможува  повластени услови за тргување за сите клиенти што ќе започнат соработка со Банката во следните три месеци (заклучно со 9 април), во износ од 50% намалени редовни надоместоци за брокерско тргување. Сите заинтересирани за повеќе информации може да се обратат на е-mail адресата:broker@sparkasse.mk или на телефон +389 23200 785.

Со започнувањето на работата на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка Македонија продолжува во насокана вистински финансиски „супермаркет“, каде што на едно место клиентот ќе има можност да користи и други финансиски услуги покрај традиционалните банкарски производи и услуги. 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.  Зaедно со другитебанки-ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати, опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“