07 Мај, 2024
0.0257

Ново електронско и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка АД Скопје и бесплатно активно користење до крајот на годината

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје изврши надградба на електронското и мобилно банкарство за физички лица со нова верзија. За сите постојни и идни корисници на услугите на банката, достапна е новата верзија на системот за електронско банкарство и мобилно банкарство за паметни телефони на Android и iOS платформа.

“Новата верзија на електронското и мобилно банкарство за население е со модерен и современ дизајн прилагоден за потребите на нашите постојни и идни клиенти за брзо, едноставно и ефикасно користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на банката и чекање во редови на шалтер. Со користење на eлектронското банкарство клиентите добиваат 24/7 преглед во состојбата на трансакциските или штедните сметка, предглед на кредитните картички и кредитите, можност за вршење плаќања во земјата и странство, плаќање на режиски трошоци и менувачница. По пуштањето во продукција на новиот систем, електронското банкарство во следниот период ќе се надгради и со нови функционалности и новитети на пазарот во нашата држава, за што навремено ќе бидат сите известени”, велат од банката.

Со пуштањето во употреба на новата верзија на електронското банкарство, банката воведува и промотивен период до 31.12.2019 година за користење на електронското банкарство со можност за плаќања.

Имено, сите нови корисници на системот се целосно ослободени од плаќање еднократен надоместок за користење на можноста за вршење на плаќања преку системот на електронско и мобилно банкарство. Исто така, сите постојни корисници на системот кои имаат можност само за пасивно следење на состојбите на сметките, потребно е да поднесат барање во најблиската експозитура на банката за користење на можноста за активно електронско банкарство за плаќања.

Можеби ќе ве интересира

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет