02 Мај, 2024
0.0266

Новогодишен Кока Кола караван со хуманитарна мисија

Објавено во: Стил 10 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Новогодишниот „Coca-Cola“ караван тргна во својата добротворна мисија за споделување на новогодишната магија секаде и за секого, потсетувајќи нè дека токму во овој период од годината треба да ги отвориме срцата и да споделиме добрина.

Токму поради тоа, целта на овогодишниот „Coca-Cola“ караван е собирање книги за децата во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје. Сите заинтересирани граѓани ќе можат да ги донираат книгите на самиот караван во деновите кога ќе биде во Скопје, на 13 и 26 декември, од 17ч до 21ч. Книгите што ќе бидат собрани ќе бидат донирани на Детската клиника.

Покрај тоа, во соработка со клиниката, „Coca-Cola“ ќе преуреди една заедничка просторија во болницата во која децата ќе можат да се дружат, да читаат и да играат и, секако, ќе има полици за книги што ќе бидат пополнети благодарение на добрината на сите граѓани, јавни институции, компании, основни и средни училишта, општини и сите други кои ќе се приклучат кон оваа заедничка хуманитарна мисија.

Програмата на караванот почнува во 17:00 часот. Присутните ќе може да уживаат во детска претстава, во незаборавниот настап заедно со ѕвездите на X-factor и, секако, да се дружат и да се сликаат со Дедо Мраз. Зимската магија, празничниот дух и љубов и радост во срцата се подароците кои „Coca-Cola“ заедно со сите граѓани со добро срце сака да им ги подари на децата од Детската клиника во Скопје.