17 Мај, 2024
0.0253

Њујорк е најдобар град за жени претприемачи

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Градот води на листата за пристап до капитал и пазари, но заостанува во технолошката сфера.

Њујорк ја предводи листата на градови кои се најпогодни за бизнис за жени,  покажува истражувањето на Dell, објавено во CNN.

Студијата рангира 50 градови во светот според пристапот до капитал, технологија, култура и пазари. По Њујорк, Сан Франциско, Лондон, Стокхолм и Сингапур се рангираат во топ 5 на листата за места на кои жените имаат најдобри услови за водење бизнис.

Иако Њујорк е број еден според Dell Women Entrepreneurs Index, градот има само 58,6 од вкупно 100 поени во анализираните категории. Тоа е затоа што Њујорк е оценет на прво место по пристап до капитал и пазари, но ја зазема 17-та позиција во технолошката категорија која мери колку жените во бизнисот користат интернет и паметни уреди за трансакциите.

Токму високите трошоци и отежнатиот пристап до технологии влијаат негативно на рејтингот на Њујорк. Излегува дека технологијата е подостапна во Азија и во европските градови.

Во топ 10 се наоѓаат уште Торонто, Вашингтон, Сиднеј, Париз и Сиетл. Истанбул е единствениот балкански град во листата, и ја зазема 25-та позиција.