29 Април, 2024
0.0265

Нутриционисти советуваат: Ова е листа со нездрава храна!

Објавено во: Стил 12 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Некои од месните преработки содржат нитрати - хемиски адитиви кои се поврзуваат со различни видови рак, но сепак и понатаму се користат во прехрамбената индустрија, како би ја зглемиле бојата, вкусот, и би се спречило расипување на храна.

Сирење на парчиња, виршли, кобасици, салама и маргарин се на врвот на листата токсични прехрамбени производи кои, според мислењето на американските нутриционисти, секако би требало да ги избегнувате.

Директорката на истражувачкиот центар на Работната група за заштита на животната средина, Нека Лајба, предупреди дека најголем непријател на човечкото здравје е преработената храна со мноштво адитиви, пренесе сајтот Seebiz.

„Уште не знаеме кои се долгорочните последици од конзумирање на овие, така да ги наречам, научни експерименти“, изјавила нутриционистката од Њујорк, Рејчел Харвест.

Американските експерти објаснуваат дека сирењето во парчиња никогаш не би требало да се јаде, бидејќи тоа воопшто не е сирење, туку смеса направена од мешавина на млечни маснотии, протеини на сурутка, емулгатори и боја за храна.

„Полн е со сол и толку мрсен да во едно парче имате повеќе мансотии отколку во било кој друг млечен производ иста количина“, изјави нутриционистот Бет Ворен.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти