06 Мај, 2024
0.0225

Објавен договорот за Џумајлија, се чека инвестицијата на Субрата Рој

Објавено во: Агробизнис 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство го објави договорот за закуп на земјоделско земјиште со Субрата Рој кој најави дека од комбинатот „Џумајлија“ ќе направи најсовремена млекарница. Така со договорот, Рој за земјиштето кое го добива на 15 години, ќе биде должен годишно на државата да плаќа закуп од 121 илјади евра. Со договорот неговата компанија се обврзува од вкупниот износ на инвестицијата за 18 месеци, да вложи 60 милиони евра, а во „Џумајлија“ за  три години треба да бидат произведени 75.000 тони сточна храна. Понатаму, стои во договорот, компанијата на Рој треба да набави најмалку 8000 грла крави во првите 18 месеци, бројка која што во рок од 3 годинитреба да порасне до 20.000 грла крави Исто така на „Џумајлија“ ќе компанијата се обврзува да произведува по 80.000 литри млеко на ден, мора да вработи 900 лица во првите 18 месеци, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2000 вработени. Компнијата на Рој е должна да инвестира најмалку 200.000.000 евра за 3 години,од кои најмалку 60.000.000 евра во првите 18 месеци, 70.000.000 евра до истекот на 27 месеци и 70.000.000 евра до истекот на 36 месеци. Банкарската гаранција пак треба да се достави во рок од 15 дена,  но во висина од 5% од вкупната вредност на предвидените инвестиции за првите 18 месеци, стои во договорот.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?