28 Април, 2024
0.2379

Објавен оглас за помош за млади земјоделци

Објавено во: Агробизнис 18 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“ .

Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, обрасците „Упатство за корисници“, „Деловен план“ и „Барање за користење на средства“ со листата на потребни документи можат да се подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk .

Пополнетите барања се доставуваат по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата за мерката 112 е 18 јуни 2013 година.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт e-mail адреса ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk, како и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади