Објавил фотографија со оружје и се заканувал на висок функционер
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023
Битолчанец објавил фотографија со оружје и му се заканувал на неименуван висок функционер.
Во полициската станица Битола денеска е извршен службен разговор со двајцата битолчани А.С. и Р.С. на возраст од 42 и 41 година, од кои едниот е осомничен дека, објавувајќи фотографија со оружје на социјалните мрежи, му се заканувал на висок функционер.
„А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот, тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С. Во полициска станица, од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје“, се наведува во полициското соопштение.
Со настанот е запознаен јавен обвинител. Полицијата по целосно документирање на случаите, против лицата ќе поднесе соодветни пријави.