07 Мај, 2024
0.0231

Обликувајте го вашето тело и уживајте во пливањето

Објавено во: Стил 18 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Пливањето се смета за еден од најкомплетните облици на вежбање: ги зајакнува мускулите на целото тело, ја подигнува виталноста и делува на кардиоваскуларниот систем. Ја одржува добрата кондиција. Со пливање се подобрува еластичноста на зглобовите правејќи ги отпорни на секојдневни напори и оптеретувања. Не оптеретувајќи ги зглобовите, со оваа активност можат да се занимаваат и постари личности како и оние со специфични телесни ограничувања. Им овозможува активност и на луѓето кои поради инвалидитет не можат да се занимваат со друг вид спорт. Пливањето е спој на аеробно и анаеробно вежбање кој има позитивно влијание на здравјето. Истовремено е добро средство за слабеење – пливањето, со правилна исхрана која се заснова на здрави намирници, е добар начин телото да го елеминира вишокот на масно ткиво а да ја задржи постоечката мускулна маса. Она што е многу важно, пливањето делува релаксирачки – помага во ослободување од грижи и секојдневниот стрес.

SPA4 (3)

Во базентот во Спа центар Anne Semonin Ви нудиме супер услови за да ги почувствувате благодетите од пливањето и тоа со супер понуда:

1 час – 300 денари

Ваучер за 15 часа – 4 000 денари

Ваучер за 30 часа – 6 000 денари

Понудите важат од 09 – 17 часот.

Пливајте и уживајте во базентот во Спа центар Anne Semonin, хотел „Руссиа“.

SPA7 (1)

Хотел „Руссиа“ кој е во склоп на Спортскиот центар „Јане Сандански“, ги нуди следните содржини: Спа центар, ресторан, скај бар, конференциска сала, тениски терени, фитнес, игротека и аеробик.