Обвинет од Диво Насеље сведочеше дека сексуално го нападнале во станица
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017
Бајрам Елшани обвинет во случајот „Диво Насеље“ пред судскиот совет на вчерашното рочиште изјавил дека во полициската станица во Скопје бил сексуално малтретиран.
Во полициската станица во Скопје двајца припадници на полицијата ме испратија во тоалет, каде што еден од нив се соблече и потоа се срамам да кажам што ми се случи – изјави Бајрам Елшани, обвинет во случајот, пренесе Плусинфо.мк.
Според Елшани, тој неколку пати имал можност да ги нападне полицајците и пред 9 мај, но тоа не го сторил, бидејќи не дошол да врши тероризам. Говорејќи за борбите цели дека се предале поради гаранциите кои ги добила групата.