ОД БЕЛАТА КУЌА ВО ШОУ БИЗНИСОТ: Барак и Мишел Обама се „фрлија“ на заработување пари
Објавено во: Свет 22 Мај, 2018
Поранешниот претседател на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел потпишале повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“ и ќе бидат продуценти на поедини идни филмови и серии.
Од „Нетфликс“ соопштиле дека Обама ќе можат да продуцираат и документарни филмови.
Поранешниот претседател им кажал на своите соработници дека нема план да води кампања против својот наследник Доналд Трамп. Наместо тоа, ќе се занимава со шоу бизнис и ќе заработува пари.
Обама ја основале компанијата "Hajer graund prodakšns" (Higher Ground Productions).