20 Мај, 2024
0.0283

Од бомбите до денес: Како Заев стигна до премиер

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На дневен ред на Собранието денес е програмата на мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев и предлог на новата влада. На предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември, минатата година, ВМРО ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, движењето БЕСА пет, Алијанса за Албанците три и ДПА два мандати.

Идниот премиер на Македонија по образование е економист а со политика се занимава од 2003 година кога прв пат е избран за пратеник. Од 2005 до крајот на 2016 година беше градоначалник на Струмица во три мандати, а се повлече бидејќи во декември 2016 повторно е избран за пратеник на вонредните парламентарни избори.

На лидерската позиција во СДСМ, која пред него ја водеше Бранко Црвенковски, Заев дојде во летото 2013 година, и тогаш никој не веруваше дека ќе успее да ја консолидира партијата разединета на бројни изборни порази кои во континуитет и ги нанесуваше политичкиот противник, лидер на ВМРО ДПМНЕ и тогашен премиер Никола Груевски.

Заев, стана икона на младите Македонци и Албанци кои се залагаат за живот во граѓанското општество и без меѓуетнички тензии.

Единствениот кој се осмели да и се спротивстави на власта на Груевски и јавно проговори за криминали на ВМРО ДПМНЕ

Заев се смета за човек од доверба на меѓународната заедница а врвот на неговото политичко ангажирање дојде со објавувањето на прислушуваните разговори на екс премиерот Никола Груевски.

Неговата партија, имено, ги објави снимките кои обелоденија прислушувани разговори на повеќе од 20 000 граѓани и тоа без судски налог што тогаш, на почетокот на 2015 година, во јавноста одекна како бомба.

Заев никогаш не кажа како дојде до тие снимки.

Иако не доби најголем број на гласови на последните парламентарни избори во декември 2016, Заев успеа да формира парламентарно мнозинство со албанските партии, што претходно не му успеа на неговиот политички ривал Груевски. На тоа му претходеа повеќемесечни опструкции на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Иванов кој одбиваше да му даде мандат.

Главната причина на тоа одбивање беше тоа што Заев, како се тврдеше прифатил да ја имплементира „платформата“ која на Албанците во земјава би требало да им донесе повеќе права меѓу кои и албанскиот да биде втор официјален јазик во државата.

Македонија речиси три години се наоѓа во тешка политичка криза, а вонредните парламентарни избори се распишаа за да се излезе од таа состојба. Дури после нив, кризата ескалираше со обвинувања дека Заев е уценет со имплементација на „тиранската платформа“ за да добие поддршка за парламентарно мнозинство.

Дури по притисокот на меѓународната заедница и задолжителни изјави на кои инсистрираше претседателот Иванов, Заев да потпише гаранции дека за време на премиерскиот мандат ќе го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, лидерот на СДСМ доби мандат за состав на нова влада.

Премиерот Заев, како се очекува ќе има тешка задача да спроведе реформи на кои инсистира меѓународната заедница, да ја приближи земјата до ЕУ и НАТО, како што очекуваат повеќето од граѓаните. Но најважно за идната влада пред се ќе биде да воспостави владеење на правото и еднаквост во општеството за сите граѓани што беше и главно ветување на Заев во изборната кампања.

Приоритети на премиерската функција ќе му бидат укинување на екстерното тестирање за учениците во основни и средни училишта.

Новата влада, вети, ќе се развива во две насоки-реформи и подобрување на животот на граѓаните.

Четириесет и три годишниот мандатар е уверен дека како премиер Македонија ќе ја изведе од долготрајната криза, ќе воведе владеење на правото и земјата успешно ќе ја врати на изгубениот пат кон НАТО и ЕУ интеграциите.

На своја кожа го почуствува суровото владеење на ривалот Груевски кога беше приведен за Глобал

Во 2008 Заев беше приведен од власта на Груевски и осомничен за криминал за изградбата на трговскиот центар Глобал во Струмица. Сепак Црвенковски кој тогаш беше на чело на државата ги аболираше сите петмина осомничени со што случајот не стигна во судница. Набрзо потоа Заев се стекна со награда за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно-приватно партнерство во Република Македонија за Глобал.

За него многумина велат дека е добар човек.

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во 1997 година, каде бил и на постдипломски студии. Оженет е со сопругата Зорица Заева со која има две деца, ќерката Александра и синот Душко. Говори англиски јазик.

Пред Заев е тешка задача.

На патот Македонија да ја направи европска, модерна и реформирана земја воопшто нема да му биде лесно, покажа храброст и простор за грешки нема.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража