ОД ДЕНЕСКА 70.000 ЛУЃЕ СЕ БЕЗ МАТИЧЕН: Во Калабрија 50 лекари ставени во карантин
Објавено во: Свет 09 Март, 2020
Во Калабрија во Италија, 50 лекари се во карантин.
Станува збор за матични лекари во градот Косенца, на југот на Италија. Тие се во карантин затоа што биле во контакт со продавач на фармацевтски производи, кој е заразен со коронавирус.
Од денеска, 70.000 луѓе во Калабрија немаат матичен лекар.
Италија се соочи со драматично зголемување на бројот на мртви и заразни од Ковид-19 во изминатите 24 часа, и покрај воведувањето карантин во Ломбардија и други области на северот.
Во светот, бројoт на заразени луѓе со коронавирус е повеќе од 110.000.Во Македонија лекарка се заразила со корона во Италија.