26 Април, 2024
0.0267

Од денеска, македонското вино во Полска и Холандија

Објавено во: Агробизнис 21 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Единаесет македонски винарници организирани преку Здружението „Вина од Македонија“, од денеска до 24 овој месец ќе ги промовираат своите вина во Хаг и Варшава. Од денеска, па до 24-ти октомври, полски и холандски експерти ќе го дегустираат македонското вино. Единаесет македонски винарии, организирани преку здружението „Вина од Македонија“, ќе ги промовираат своите вина во Хаг и во Варшава. Со своите врвни вина ќе се престават винарските визби Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Бовин, Попов, Дудин, Камник, Езимит, Попова Кула и Филовски. Целта на ваквите промоции е македонското вино што побрзо да се пробие на европските пазари. Согласно стратегијата, Холандија, Полска, Словенија и Швајцарија се оценети како најперспективни ЕУ пазари за македонското вино.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади