17 Мај, 2024
0.0270

ОД ХОБИ ДО БИЗНИС: Еве што прави брачен пар од Загреб со билки…

Објавено во: Стил 29 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Брачниот пар Цајзлер од  Загреб земале земја под наем на која растат билки кои не се третирани со хемикалии и од нив почнале да прават креми.

Земјата не била плодна, но гавезот кој таму расте бил погоден за правање на креми.

2

Драгица и Среќко Цајзлер почнале да прават креми и тинктури од невен, гавез, роза, смил и вилин корен.

Драгица по професија е технички цртач, а ова и било хоби. За да ги направи кремите што подобро читала книги и соодветна литература.

Кремите ги користела за себе и ги поделила на блиски, по што увиделе дека се многу корисни и имаат благопријатно дејство на кожата.

„Одлучив да го спојам убавото со корисното. Заклучив дека кремите кои ги произведувам можам да ги продавам на другите и на нив да им помогнам. Од запуштена земја  користам самоникнати билки. Смил набавувам од Далмација, а невенот сама го одгледувам“- раскажува таа.

Кремите кои ги произведува се добри за кожата, зглобовите, хемороиди, коски, рани и слично.