ОД КОРОНА ПОЧИНАА ТРОЈЦА ЛЕКАРИ: Во Бергамо има 50 заразени
Објавено во: Свет 12 Март, 2020
Во Италија тројца лекари починале од коронавирус, а само во Бергамо има 50 заразени.
Се бара премиерот Џузепе Конте да донесе соодветни решенија за да спречи пациентите да имаат слободен и неконтролиран пристап до клиниките и болниците, со што ќе се запре ширењето на вирусот во медицинските установи.
Италија најмногу страда поради коронавирусот, глобалната пандемија, која го исплаши цел свет.
Италијанските здравствени власти денеска соопштија дека во земјата има 15.113 заразени и 1.016 починати од новиот коронавирус. Во однос на вчера, заразата се зголемила за 21 отсто, а смртните случаи за 23 проценти.