Од оваа земја си заминал секој петти жител
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2018
На Балканот БиХ има голем одлив на население.
Земјата од војната ја напуштил секој петти жител. Ова создало многу проблеми кои заедно со лошата економска ситуација, не даваат добра слика за иднината на луѓето во таа држава, наведува весникот „Независне новине“.
БиХ има најголем негативен прираст на население од сите држави на Западен Балкан, но истовремено е втора по процес на заминување, веднаш зад Македонија. Тоа се податоци од извештај на Меѓународниот монетарен фонд за БиХ.
Според податоците на ММФ, добиени со помош на Европската агенција за статистика, БДП е 30% од европскиот просек, српскиот 36%, македонскиот 39%, црногорскиот 41%, хрватскиот 60% и словенечкиот 82%.
Иселувањето од БиХ е најмасовно во Европа.