Oд СДСМ го обвинија Мицкоски дека е деструктивен политичар
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2023
Oд СДСМ го обвинија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е деструктивен политичар.
Велат дека тој сака да ја оддалечи Македонија од Европската Унија (ЕУ).
„Секој што работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија. Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ, работи и против македонскиот јазик во ЕУ. Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови“, додаваат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека Мицкоски одработува за туѓи интереси и против ЕУ и дека тоа е поразително за него и за неговата партија.
Тој кажа дека 100 отсто се против уставни измени и нема да ги поддржат. Во август во Собранието, пратениците ќе расправаат за уставните измени.