15 Мај, 2024
0.0291

Од сега Македонија ќе си има работа со Никос Дендиас, новиот шеф на грчката дипломатија

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Никос Дендиас ќе биде новиот шеф на грчката дипломатија во Владата на Киријакос Мицотакис, откако Нова Демнократија победи убедливо на вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција, објавија грчките медиуми.

Од 2009 до 2015 предводел неколку ресори како министер за правда, на јавен ред и граѓанска заштита, на развој и конкурентност, како и на тој за одбрана.

Грција не поддржува ревизија на договори, рече Дендиас пред пет дена во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, одговарајќи на прашањето како ќе го нарекува северниот сосед - Северна Македонија или Скопје?

Дендиас објасни дека како партија она што би сакале да направат е да се изменат некои од одредбите преку, како што рече, "преговори со другата страна".

Има прашања за јазикот и националноста или државјанството,кажете на тоа како сакате. Треба да се обидеме да ги подобриме овие работи. Ние ќе вложиме напори во врска со ова, бидејќи ние имаме инструменти во преговорите со Европската унија, рече доскорешниот пратеник на Нова Демократија објаснувајќи дека тоа не значи дека ќе успеат 100 отсто, туку дека ќе се обидат.

Тој додаде дека "договорот ги решава историските прашања" и дека тоа е нешто што може да се задржи онака како што е, и тој го спомена член 7 како позитивен пример.

Скопјаните треба да разберат една работа. Ние, Грците сме единствените во регионот кои имаат интерес за нивното постоење и ќе се стремиме да постојат како држава. Сите други или сакаат да ги апсорбираат, или да ги распаднат или да предизвикаат проблеми. Голема Албанија вклучува еден дел од Скопје, рече Дендиас.

Во врска со протестите против Преспанскиот договор, тој го повтори својот став дека е против и рече дека не присуствувал на некој од собирите, иако тој би имал "политичка корист" ако го сторел тоа.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи