26 Април, 2024
0.0318

Од семејно насилство до убиство врз жена - Каде потфрла Македонија?

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Системот  за заштита на жени жртви на насилство  има многу пропусти. Иако законската рамка треба да се унапреди, сепак најголемиот проблем е пристапноста и достапноста на специјализирани сервиси за жени жртви на насилство- вели за Фактор, Елена Димушевска, извршна директорка на Националната  мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Локалните избори завршија, градоначалниците се обврзаа, на ред е исполнување на ветеното. Општините треба да ја превземат обврската за помош и заштита на жените жртви на насилство и да обезбедат достапни и пристапни сервиси за сите жени од урбаните и руралните заедници, како и жените со различни видови на попречености.

“Дополнително, според Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (чл. 5), единиците на локалната самоуправа се дел од надлежните органи и институции кои „преземаат мерки за заштита на жртвата и спречување на насилство, остваруваат меѓусебна соработка и координација“. Со ратификацијата државата ќе се стекне со обврска за отварање на специјализирани сервиси за жени жртви на насилство кои покрај од институциите на централно ниво, можат да бидат воспоставени и финансирани и од институциите на локално ниво”- вели Димушевска. 

Република Македонија веќе започна со процесот на подготовка за ратификација на Истанбулската конвенција, која е очекувано да се случи до крајот на 2017 год, а во нејзината имплементација предвидено е да се вклучат сите „релевантни актери, како што се државните органи, националниот, локалните и регионалните парламенти и власти, националните институции за заштита на човекови права и организациите на граѓанското општество.

Во моментов, Националната мрежа спроведува Анализа на убиствата на жени во Македонија, и според државниот  завод за статистика во периодот од 2008 до 2016 биле убиени 70 жени.

“Она што пробуваме да го идентификуваме, како дел од анализата, е колку од овие убиства се фемициди. Морам да признаам дека овој процес оди многу тешко, поради тоа што одговорните институции (Судовите, Јавните обвинителства, МВР) водат статистика според пол на сторител, а не пол на жртва. Добрата страна е што поголемиот дел од вработените во овие институции сакаат да ни помогнат, па заедно пробуваме и изнаоѓаме различни начини да ги идентификуваме предметите со фемициди”- додава директорката на Националната мрежа против насилство. 

Дополнително  проблем вели е  тоа што оваа класификација не постои во македонското законодавство, односно сите се водат како кривично дело- убиство. 

“Првичните наоди од анализата, беа споделени на првата Национална конференција за Фемициди во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Она што би сакала да го издвојам како најзначајно е дека повеќе од 90% од фемицидите се случуваат во заедничкиот дом на жртвата и сторителот, што ни кажжува дека „Домот е најнебезбедно место за жената“. Се надеваме дека ќе ја завршиме анализата до крајот на месецот, па финалните наоди ќе ги презентираме во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“ која Национаналната мрежа ја спроведува секоја година”-додава Димушевска.

Факторите и ризиците кои водат кон тоа да се случи убиство на жена – Фемицид, според неа  може да се  групираат во две поголеми групи. Несоодветното постапување на институциите, несоодветна процена на ризикот по живот на жртвата која ќе пријави закана, насилен инцидент или можност тој да се случи, не доволната сензибилизираност и едуцираност на стручните работници, влегуваат во првата група на ризик фактори. Втората повеќе се однесува на непријавувањето на насилството од страна на жртвите поради срам, страв од осуда, страв од насилникот и неговата одмазда, недоверба во институциите, непостоење на можност за заминување и воопшто економската зависност на жртвите од насилниците. 

Стравот и срамот како што  вели се уште се една од главните причини за непријавување на насилството, но дополнителен проблем e недовербата во институциите. 

“Имено, многу од жените кои ни се обраќаат нас, не сакаат да пријават во центар за социјална работа или полиција затоа што веруваат дека нема да бидат заштитени, и дека овие институции немаат многу што да понудат. И тоа секако не е далеку од вистината. Дури и да се превземат сите мерки предвидени во законската рамка, останува отворено прашањето каде ќе одат потоа. Односно, една жена и да биде згрижена во Засолниште за жени жртви на семејно насилство, и да и се обезбеди бесплатна правна помош, психисоцијална поддршка, доколку таа е невработена или има ниски примања, неможе да си дозволи сопствен дом (ниту станбен кредит, ниту кирија). Единствената опција е да се врати дома кај нејзините родители, кои доколку не се во можност да ја примат, таа со своите деца останува на улица т.е бездомник. И според мене, тоа е една од главните причини за непријавување на насилството и останување во насилниот брак по секоја цена”- потенцира Димушевска. 

Националната мрежа во 2016 година изработи Мапирање на достапните услуги за жени жртви на насилство од кое произлезе заклучок дека Македонија далеку заостанува зад воспоставените основни стандарди дефинирани во Конвенцијата на Советот за Европа за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство (Истанбулска конвенција), која предвидува постоење и на специјализирани услуги покрај општите/генерални сервиси кои ги обезбедува центарот за социјална работа. 

“Во тој поглед ситуацијата во Македонија е загрижувачка. На територијата на целата држава постојат четири засолништа за жени и деца жртви на семејно насилство раководени од МТСП, и уште две засолништа раководени од невладини организации. Вкупниот капацитет е околу 35 кревети. Советувалишен центар за психосоцијална поддршка постои еден, во Скопје, а центри за бесплатна правна помош има во неколку градови (Скопје, Куманово, Штип, Тетово, Свети Николе). Ако земеме во предвид дека на годишно ниво бројот на пријавени случаи на семејно насилство се движи од 1000 до 1200 предмети, а црната бројка знаеме дека е секогаш 5 пати поголема, може да се заклучи дека заштитата е на многу загрижувачко ниво и се потребни итни чекори за унапредување”- нагласува директорката на Националната мрежа за борба против семејно насилство. 

Македонија е голема црвена точка во однос на специјализирани услуги за жртви на насилство 

“Она што во последните години го работи Националната мрежа е застапување за воспоставување на регионален минимум пакет на специјализирани сервиси за жени жртви на насилство финансиран во најголем дел од локалната самоуправа со поддршка од МТСП. Тоа би значело воспоставување и обезбедување одржливост на минимум пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански регион, а со кој ќе се унапреди достапноста и пристапноста на сервисите за жените од урбаните и руралните заедници, како и за жените со различни видови попречности. Пакетот на сервиси опфаќа: Засолниште/ Шелтер центар, Кризен центар, СОС линија, Советувалишен центар за психо-социјална поддршка и Бесплатна правна помош”- потенцира Димушевска.

Во предизборната кампања, дел од кандидатите за градоначалници од Скопски, Полошки и Вардарски плански регион потпишаа Јавна заложба за  Унапредување на заштитата на жените и децата жртви на различни форми на насилство, вклучително и семејно насилство на локално ниво. Следуваат  средби со избраните градоначалници за планирање на процесот на воспоставување на регионален пакет на сервиси на ниво на плански регион и исполнување на ветеното во пракса, а не само на хартија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката