02 Мај, 2024
0.0244

Од Скопје ќе се лета до уште една нова дестинација

Објавено во: Стил 10 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Oд Скопскиот аеродром наскоро ќе може директно да се лета до Доха. Ова го најави авио компанијата Qatar Airways која ја проширува својата понуда на летови уште на 14 дестинации. Коммпанијата планира да го освојува пазарот, преку летови во Европа (Пиза, Сараево, Хелсинки, Ница и во Скопје), шест во Африка (Маракеш, Виндхук, Дуала, Либревил, Лусака и Сејшели), две до Југоисточна Азија (Краби и во Чианг Маи – Тајланд) и Окленд во југозападниот Пацифик. Во Македонија, освен официјалната најава засега нема повеќе детали за распоредот на летови и цената на билетите. Инаку, преку финансиската поддршка за воведување евтини авио летови досега Скопје и Охрид се поврзани со 20 градови во Европа, а до крајот на месецов ќе бидат воведени уште 3 нови дестинации кон Братислава, Копенхаген и Берлин, додека Чех Ерлајнс во мај ќе воведе линија до Прага.