ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот
Објавено во: Македонија 30 Април, 2024
Од среда 1.05.2024, па во деновите потоа (вклучувајќи ги и Велигденските празници) поради влијание на циклон од западна Европа, кај нас следува период на променливо облачно и нестабилно време со чести поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилен ветер, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Локално не се исклучува можноста и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Ваквото променливо време и со повремени врнежи од дожд, но и посвежо би се задржало и за Велигденските празници.
Што се однесува до температурите, тие за Првомајските празници ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27-28 степени, а потоа, односно за Велигденските празници ќе бележат тенденција на пад и ќе бидат под просекот за почетокот на месец мај (што значи дека ќе биде поладно од вообичаеното).
Во Скопје и околината, како што и претходнбо наведовме, од среда па во деновите потоа следува нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, вели тој.