„ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПОЛИТИЧКА РОТАЦИЈА“: Меџити тврди дека имало нерегуларности на изборите
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
За претставниците на политичката партија „Вреди“ изборниот ден не помина во фер и демократска атмосфера. Изет Меџити на вечерашната прес конференција нагласи дека имало насилство врз гласачкото право и за тоа ќе бидат известени институциите.
Меџити меѓу другото нагласи дека иако ДУИ ги бојкотираше иборите, и се обидела да влијае политички, сепак не успеале и од утре ќе се подготвуваат за политичка ротација.
Сепак, Меџити на сите граѓани им се заблагодари за демократскиот капацитет и нивниот глас, без оглед на притисоците, како што рече, на кои беа изложени.
Тој посочи дека маските на ДУИ паднаа.
- Драги Албанци, со бојкот на изборите ДУИ, која беше на власт над 20 години, таа партија се обиде да го влијае политички. Се фалеа како европска партија, дека ќе не интегрира во ЕУ, а примитивно работеа на бојкот. Тоа создава горчлива слика за Албанците во светот. Јавно го прашуваме министерот Османи кој се фалеше со ОБСЕ, како тоа таму ќе го објасни дека работеа против слободна волја на граѓаните - рече Меџити.
Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација, со нова власт и обезбедено бадентерово мнозинство, додаде Меџити.
Тој нагласи дека најголем губитник се Али Ахмети и Артан Груби кои, нагласи, промовираа насилство и ароганција.
Ахмети ја запечати својата изолација на домашен и надворешен план, нагласи Меџити.
- Од денеска Албанците ја имаат Вреди гордо и чесно да ги застапува во институциите на системот - рече Меџиит.
Инаку, пред прес-конференцијата, кај плоштадот Скендербег дојде и полиција, веројатно по пријава за можни инциденти. Како што рекоа од Вреди, пред нивниот штаб се појавил Артан Груби од ДУИ кој со свои приврзаници направил провокација манифестирајќи славење на победа на ДУИ и Европскиот фронт.
Фото: Принтскрин/МИА