Од Владата не откриваат за која географска одредница ќе преговараат
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2018
Владата во оваа фаза на процесот на преговори со Грција не открива за која географска одредница ќе се седне на маса, па така останува само изјавата на премиерот Заев дека македонската страна е подготвена да прифати географска додавка на името Македонија и останува посветена на разговорите под медијаторство на Обединети нации.
Нови детали не откри ниту владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција.
„Знаете дека детали околу преговорите во оваа фаза не откриваме. Преговорите се процес од серизно значење, се работи за проблем кој е многу долг и кој води кон решение, кое ќе биде резултат на взаемен компромис, достоинствено решение кое ќе го заштити дигнитетот на граѓаните од двете земји. Како Влада нема да си дозволиме да навлегуваме во шпекулации по однос на тоа што е објавувано во медиумите и не би имал што да додадам надвор од изјавата на премиерот“ изјави Бошњаковски.