02 Мај, 2024
0.0285

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека амандманите им се фрлени, Собранието демантира

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека амандманите поднесени на Законот за двојазичност биле расфрлани околу Собранието. 

Според нив, тоа е факт кој го виде целокупната јавност. Наведуваат дека ниту СДСМ ниту владејачкото мнозинство може да избегаат од тој факт со какви било манипулации.

„Тие се должни да одговорат кому му сметаат и кој ги фрли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени во врска со неуставниот Закон за двојазичност. Владејачкото мнозинство треба да и одговори на македонската јавност кој издал наредба и кои се лица учествувале во овој срамен и недемократски чин. Дали ова значи дека залудни се обидите за аргументирана дискусија и правно побивање на неуставните закони во Собранието и дека со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт демократијата во земјава заврши во контејнер? Демократијата во Република Македонија не смее да биде погазена и понижувана на овој начин. Уште еднаш го повикуваме Собранието на Република Македонија што побрзо да спроведе истрага, да ги открие и санкционира сторителите на овој срамен и недемократски чин. Највисокиот законодавен дом во земјава не смее да си дозволи вакви недемократски постапки да останат нерешени и неказнети“ - наведуваат од партијата. 

Велат дека ваквите постапки нема да го спречат ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ги заштитува законите и Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за еднакви можности на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од Собранието ги демантираат наводите за фрлени амандмани, од причина што сите поднесени амандмани за Законот за употреба на јазиците се уредно примени во собраниската архива, велат од одделението за односи со јавноста.

„Поголем дел од поднесените амндмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Со оглед на големиот број на поднесени амандмани Службата на Собранието уредно постапува во рамките на своите задолженија и во текот на денешниот ден, сè до целосно завршување на процесот. По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива. Амандманите прикажани во јавноста се копии од амндмани кои се уредно внесени во процедура и се веќе објавени на е-парламент, со што се достапни на сите 120 пратеници и на јавноста“- велат од собраниските служби.

Од Собранието велат дека наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично