Од Здружението „Блаже Конески“ имаат порака за Заев
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2017
Здружението „Блаже Конески“ денеска имаше мирен протест пред Министерството за надворешни работи против потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.
Тие упатија порака до премиерот Зоран Заев наместо да потпишува договорот да го одведе бугарскиот премиер, Бојко Борисов на гробовите на хероите да им се извини.
„Сѐ друго е силување и понижување на македонскиот народ“ - вели Љубомир Сенковски од Здружението.
Од централниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ информираа дека како партија нема да дадат поддршка на предложениот текст од договорот со Бугарија. Сметаат дека по една година од потпишувањето на договорот државата ќе се соочи со сериозни проблеми чие решавање ќе биде само на Република Македонија.
Договорот за добрососедство со Бугарија треба да биде потпишан утре во Скопје со бугарскиот премиер, Бојко Борисов.