27 Април, 2024
0.0318

Одете на овие места - совет од најмладиот човек кој го обиколи светот

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Гунар Гарфорс има 37 години, а веќе ги обиколил сите земји во светот. 

До 2008 година тој успеал да посети 85 земји, но си поставил цел да отиде во сите 198. Таа задача е исполнета во 2013 година, кога станалнајмладиот човек кој го обиколил светот како хоби.

Гарфорс ги опишал авантурите во книгата 198: How I Ran Out Of Countries.

Достигнувањата се  рекорд во Гинисовата книга на рекорди за посета на пет континенти за еден ден, посета на 19 земји во еден ден и посета сите провинции во Норвешка за ден.

Откако видел толку многу места, патник тешко може да каже која е неговата сакана дестинација.

Некои од предлозите на патникот сигурно ќе ве изненадат. На пример како Киргистан, земја за која повеќето луѓе знаат малку, но Гарфорс успеал да ја запознае одблизу.

Тој ја поставил на листата поради прекрасната природа, најпријателските луѓе и добрата водка која ја нудат во земјата.

Гарфорс ја посетил неколку пати и Бугарија, за која  вели дека многу му се допаднала храната, пивото и белото вино, а луѓето се гостопримливи и пријателски расположени.

Според него, треба да ги посетите Романија, Мадагаскар, Исланд, Виетнам, Кирибати, Нов Зеланд, Сиера Леоне, Доминиканска република, Норвешка и Уругвај. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти