26 Април, 2024
0.0268

ОДИТЕ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА: Подгответе се за овие трик прашања

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Работодавците сакаат со малку поставени прашања да дознаат што повеќе за вас. 

Ништо од она што ќе ве прашаат не е случајно. 

Работодавците ќе ве прашаат за вашето работно опкружување. Тука многу луѓе зборуваат за приватни работи, нешто што работодавецот не го интересира. За ова мора да се подготвите и да наведете две или три клучни професионални особини. 

Како себе да се опишете со еден збор. На овој начин ќе видат дали одговарате за некоја работна позиција. Дадете конзервативен одговор и бидете сериозни. 

Ќе ве прашаат зошто сакате да работите кај нив. Ќе треба да одговорите дека навистина ја сакате работата. Незадоволство од плата или од сегашниот шеф не спомнувајте. 

Ќе ве прашаат зошто сакате да ја напуштите сегашната работа. Кажаете дека сакате нови предизвици и дека сакате да ги унапредите вашите вештини. 

Работодавецот ќе ве праша дали сте размислиле за свој бизнис за да знае дали би заминале од тоа работно место. Кажете дека сте размислувале, а ако сте работеле како фриленсер, исто можете да спомнете. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти