27 Април, 2024
0.2674

Одлична атмосфера на „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“ VOL.3

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Изминатата сабота (20.05.2017), со регистриран рекорден број на учесници (3.500), при одлични временски услови и со пикник забава во градскиот парк, Скопје прослави уште еден „Вози право, вози здраво“ настан во организација на Стопанска банка АД – Скопје.

Ревијалната трка од Порта Македонија, со должина од 1.500м ја извозеа сите учесници од најмалите во бебе колички до најголемите вело-ентузијасти. На целта во градскиот парк за учесниците, но и за посетителите во изобилство обезбедени беаголем број на подароци, изненадувања и освежувања.

Детската претстава во изведба на Тања Кочовска како и бендот “Бета хаус“ дополнително ја загреваа атмосферата и придонесоа за бројни насмевки во паркот.

За време на настанот, за присутните медиуми г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје изјави: „Ме радува што гледам толку голем број на граѓани сплотени за една иста идеа. Тоа значи дека сме допреле тема значајна за сите возрасти и за сите граѓани, па среќни сме што можеме заедно да ја поддржуваме! Стопанска банка ќе остане посветена и уште повеќе активна во иднина, донирајќи нова урбана опрема која во фокусот ќе го има велосипедизмот.“

Стопанска банка заедно со град Скопје на денот на настанот го презентираше и почетокот на поставување на урбаната опрема, донација од #ВПВЗ vol.2 – 105 паркинзи и 5 модерни станици за поправка на велосипеди кои ќе ги има на повеќе локации низ градот во согласност со препораките на активистите, промотори на велосипедизмот.
Секако, со учество во „Вози право, вози здраво“vol.3 кумулативно извозените 5.250км Банката повторно ќе ги преточи во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедската култура. Предлозите од граѓаните се добредојдени.

Уште еднаш, Стопанска банка АД – Скопје изразува голема благодарност за учесниците, јавноста која го прифати настанот, компаниите кои се приклучија (Макпрогрес, Виталиа, Пивара Скопје, Фриком, Кодинг и Никоб), СВР Скопје кои се погрижија за безбедноста на учесниците во ревијалната трка и секако Град Скопје за поддршката на иницијативата за овој убав настан.

Фотографии од настанот како и повеќе информации за лотаријата може да најдете на веб страницата на Банката како и на Facebook.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“