Одлична можност: Конкурс за специјализации на Академијата за банкарство и информатичка технологија
Објавено во: Финансии 18 Август, 2021
Академијата за банкарство и информатичка технологија објавува Конкурс за запишување слушатели за стручни специјализации (обуки) во школите - финансии, банкарство и ИТ. Обуките се за за доквалификација и преквалификација на Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ, за учебната 2021/2022 година, а се во кооптација со Високообразовната германска установа – ХАЈДЕЛБЕРГ Институт за Бизнис и Менаџмент Скопје
Документи запријавување
и запишување:
- Пријава за запишување (електронски на www.abit.edu.mk)
- Диплома за завршенo средно образование, прв или втор циклус на студии (копија во електонска форма)
Услови и критериуми на запишување:
Право на запишување на специјализациите имаат кандидати со најмалку завршено четиригодишно средно образование.
Имено, секој апликант ќе помине низ кратко интервју (online или во канцелариите на АБИТ).Тоа, ќе се одвива после пополнување на ПРИЈАВА за запишување, која, може да се најде при избор на соодветната програма на: www.abit.edu.mk; или да се достават податоци за кандидатот, на следниов e-mail: info@abit.edu.mk
На крајот на специјализацијата слушателите се стекнуваат следните можности:
1. 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
2. Специјалистички сертификат за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
3. Трансферни ЕКТС (кредити) за студиските програми на германска научна установа – ПНУ ХАЈДЕЛБЕРГ Институт за Бизнис и Менаџмент Скопје.
4. Германска диплома за завршени стручни специјалистички обуки издадена од ПНУ ХАЈДЕЛБЕРГ Институт за Бизнис и Менаџмент Скопје.
5. Тутор за поддршка во професијата во периодот после завршување на програмата.
Рокови за пријавување и запишување:
I уписен рок |
II уписен рок |
|
Пријавување на кандидатите |
01.09 до 30.09.2021 |
01.02 до 28.02.2022 |
Кандидатите, треба да ги достават сите документи за пријавување и запишување во електронска форма на info@abit.edu.mk или во просториите на Академијата за банкарство и информатичка технологија|АБИТ, на адреса:
Ул. „Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје
Заинтересираните кандидати можат да добијат информации за упис на следните броеви:
+389 70 355 656; +389 2 3 125 500; или www.abit.edu.mk
Наставата ќе се изведува 100% online (преку Zoom app.) во 2021 или во 2022 година во просториите на АБИТ / кампусот на Хајделебрг во Скопје.
Напомена: стручните специјализации на АБИТ се дел од академските магистерски студии (МБА) за стекнување на називот „Магистер на науки“ на германската висообразовна установа ПНУ ХАЈДЕЛБЕРГ Институт за Бизнис и Менаџмент Скопје. Оттука, слушателите кои ќе се опредалат за акаедмски студии МБА, понатаму, ќе им бидат трансферирани сите кредити (ЕКТС) претходно стекнати од специјализациите, како и пребиени уплатените парични средства во функција на школарината за МБА студиите.