Одрони има на пат во западна Македонија
Објавено во: Македонија 02 Април, 2022
Одрони има во западна Македонија. На патниот правец Кичево-Охрид, кај селото Малковец, од 18:00 часот поради одрон на карпа, сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.
На самото место се излезени УПС од БПС-Кичево. Вчера одрони имаше на патот кон Дебар.