27 Април, 2024
0.1354

Одржан првиот пролетен предизвик на СТЕМ Академија: Натпревар во роботика

Објавено во: Мои пари 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Вчера во просториите на Машинскиот факулет во Скопје со почеток во 12 часот започна првиот Spring’17 Challenge  натпревар во роботика и математика во организација на СТЕМ Академија од Скопје, а со поддршка на Машински факултет. На натпреварот учествуваат шеесетина деца на возраст од 6 до 14 години спремни преку тимска работа да го покажат своето знаење од областите роботика,  математика и решавање проблеми.

- Ни претставува задоволство организирањето на првиот Spring’17 Challenge. Во прашање е натпревар во роботика и математика каде натпреварувачките тимови добија задача да решат зададен проблем на начин кој според нив претставува најфункционално, иновативно и погодно решение. Целта на настанот е да ги поттикне младите учесници да размислуваат иновативно, да најдат начин за примена на своето знаење и секако да работат и соработуваат во тим бидејќи ние во СТЕМ Академија цврсто веруваме дека овие квалитети се важни не само за успешно решавање на интересни проблеми, туку и во понатамошниот живот на младите натпреварувачи, изјави Жарко Поп Илиев, еден од основачите на СТЕМ Академија.


Овој настан е дел од соработката на СТЕМ Академија со Машинскиот факултет од Скопје за едукација, доживотно учење и стекнување на СТЕМ вештини неопходни за 21 век кај младата популација во Македонија. Оттука, оценувањето на работата на тимовите ќе го прават професори од Машинскиот факултет, а за најдобрите ќе бидат обезбедени соодветни признанија.

- Машинскиот факултет како високообразовна институција со фокус на развој и придонес во научноистражувачка дејност со задоволство ги поддржува сите иницијативи и проекти кои имаат за цел приближување на науката до младите. Оттука ги цениме и поддржуваме ваквите и слични настани и активности на СТЕМ Академијата каде во суштина децата се запознаваат со светот на науката, инженерството, технологијата и математиката на начин кој е соодветен на нивната возраст и кој кај нив ја поттикнува љубопитноста, желбата за учење и истражување во овие области, изјави д-р Атанаско Тунески, професор на Машинскиот Факултет – Скопје по предметот Управување со роботи.

Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој СТЕМ Академија е формирана во 2013 година и оттогаш работи на промовирање и градење на неопходните вештини и знаења на 21 век кај учениците притоа користејќи  иновативни методи за учење технологијата кај сите генерации, со особен фокус на најмладите. Програмите и методологиите на СТЕМ едукација потекнуваат од светски познати институции и технолошки лидери како што се LEGO® Education,MINDSTORМ® Education, Massachusetts Institute of technology (MIT), Harvard’s research Institute и Microsoft. До денес програмите на СТЕМ Академијата ги поминале повеќе од 500 ученици на возраст од 5 до 16 години.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“