05 Мај, 2024
0.0271

Одржан првиот NIKE+ Training Club во Скопје

Објавено во: Стил 06 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Оваа сабота во Synergy фитнес и спа центарот во Скопје се одржа првиот Nike+ Training Club каде беа поканети сите активни и модерни жени кои сакаат да водат здрав начин на живот и преку вежбање да бидат фит. Тренингот на кој присуствуваа голем број на заинтересирани жени го водеа популарната пејачка Симона Попоска, фитнес инструкторката од Synergy фитнес и спа центарот, Стојка Спиридоновска, Нина Ангеловска и Ирина Пилатес Митевска.

903ddcea-04a8-4ec1-a24b-6d25b20ed019

Една од најпопуларните фитнес апликации во светот, Nike+ Training Club, која што е наменета за сите модерни жени, во себе ги содржи сите тајни за водење на здрав живот. Фокусирајќи се на различни фитнес вежби, како и на јогата и пилатесот, таа ви овозможува да го размрдате целото ваше тело и да „притискате“ до границите на издржливоста.

bf33202c-0c29-4dff-8166-940965f0e70b (1)