19 Мај, 2024
0.0260

ОЏАЧАРИ: Ни требаат, а сепак се дефицитарни

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Наближува почетокот на грејната сезона, со што е неопходно да се исчистат оџаците.

Иако се потребни, сепак кај нас оџачарите се дефицитарни. Оџачарските сервиси се бројат на прсти. Мал е бројот на млади луѓе кои би се обучиле и би станале оџачари. Јасмина Атанасова Симјаноска, дипломиран оџачар кој работи на едукација за оџачарство, консултант вели дека оние кои пројавуваат интерес за оваа професија се мажите, а досега кај неа на обука поминале само две жени. Иако струката е дефицитарна, сепак не може да се каже точна бројка колку оџачари се потребни во земјава.

„Јас дипломирав во 2015 година. Никој не се запишува во формално образование за струка оџачар, иако постои можност за тоа од 2017 наваму. Луѓето не се заинтересирани... Сите сакаат лесно. Толку е едноставно“, вели таа.

Од економски аспект додава дека оваа професија може да донесе добар приход. Домаќинствата треба да практикуваат редовно да ги чистат своите оџаци за да не дојде до несакани последици или пожар. Како и во секоја друга професија, така и во оваа, подобро е да се повика стручно лице, отколку граѓаните сами да ги чистат оџаците.

„Исплатливо е. Вообичаена цена за оџак за куќа е 1.200 до 1.500 денари, ако редовно се чисти може и 1.000 денари (не само инцидентно, кога имаме проблем). Младите не ни знаат дека воопшто постои таква професија, како и 80% од Македонците. Мислат дека секој сам треба да си чисти, кога има проблем со затнување на оџакот, и за тоа најголем показател се пожарите. Стручноста и компетентноста не паѓаат од небо, за нив треба сериозна обука под надзор на стручни лица“, објаснува Атанасова Симјаноска.

Таа ги обучува оџачарите во Македонија и кај неа полагаат за да добијат сертификати. Постојано работи на унапредување на професијата и вели дека на оџак можат луѓето да ја видат само доколку ја контролира работата на некој од кандидатите.

Секоја зима во медиумите има вести за запалени куќа од оџаци, понекогаш и со човечки жртви.

Луѓето кои долго време се во професијата раскажуваат и дека има семејства кои долги години не ги чистат оџаците со што неизбежно е да не дојде до запалување.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници