06 Мај, 2024
0.0257

Одземен пасош и забрана за одење на протест-мерки од судот за напаѓачот на Шекеринска

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Напаѓачот на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска кој е меѓу последните осомничени се соочи со мерки од судот.

Од снимките кои беа пласирани во јавноста е утврдено дека лицето кое ја влечеше Шекеринска е 65-годишниот Скопјанец Панче Ангелов.

Тој доби кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и судот му го одзеде пасошот и му забрани да оди на протести.

OJO вчера соопшти дека до нив пристигнале две кривични пријави поднесени од Министерството за внатрешни работи против две лица за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик.

Како што се нагласува за едното лице, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврди дадената правна квалификација. Со оглед на обемната медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот, јавниот обвинител кој постапува во предметот предложи до судија на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје определување на Мерки на претпазливост. Со Решение на судот, на лицето му се определени мерки за претпазливост  и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште, Одземање на патна исправа, Забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и Забрана за приближување на лицата кои евидираат како оштетени од овој настан.

За другото лице за кое е поднесена кривичната пријава, Основното јавно обвинителство Скопје ценејќи ги доказите, засега ја прифати правната квалификација за сторено кривично дело. Ценејќи дека постојат законски основи, надлежен обвинител до судија на предходна постапка достави предлог за определување на мерка  на обезбедување. Судот со Решение на осомничениот му определи мерка Куќен притвор со времетраење од 8 дена.

Засега од МВР не соопштија точна бројка на поднесени кривични пријави и изречени мерки.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува