ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Од добиени податоци до 11 часот за претседателските избори, од 2.080 избирачки места каде се запишани 1.962.019 гласачи, гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 проценти.
Најголема излезност има во Пробиштип – 27,85 проценти, а најмала во Липково 1,76 отсто и во други места.
„Во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале за претседателските избори, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок“, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
За парламентарните избори од добиени податоци од 1.976 избирачки места каде се запишани 1.030.092 гласачи, гласале 140.990 гласачи, односно 13,96 проценти.Најголема излезност има во Кривогаштани – 28,38 проценти, а најмала во Врапчиште 5,5 отсто.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезност од 2,69 отсто.
Даштевски изјави дека до ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право, 50 се усвоени. Седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите се обработуваат.