26 Април, 2024
0.0308

ОФИЦИЈАЛНИ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ: Кој со кој ќе ги мери силите?

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

И официјално двајцата најголеми опоненти Груевски и Заев ќе си одберат силите во изборниот ринг.

Груевски реши да се проба со Заев во четвртата изборна единица каде опозицискиот лидер веќе има искуство.

Во единицата пак според листите кои партиите ги поднесоа до ДИК силите ќе ги мерат Никола Попоски во едницата со Стево Пендаровски од СДСМ, Ивон Величковски од ЛП, Димитар Апасиев од Левица, Артан Груби од ДУИ, Идриз Орана од ДПА, Павле Трајанов кој ја предводи листата на Коалиција за промени и правда, Ден Дончев кој е носител на листата на Коалиција „ВМРО за Македонија“, како и Зеќирија Ибрахими од НДП и Беса.

Никола Тодоров против Оливер Спасовски оди во втората изборна единица, каде носители се и Јове Кекеновски (Коалиција за промени и правда), Љупчо Балковски (Коалиција „ВМРО за Македонија“), Кире Бузлиев (ЛП), Трајче Стојанов (Левица), Ејуп Халими (ДУИ), Орхан Ибраими (ДПА) и Африм Гаши (НДП и Беса).

Илија Димовски е адутот на Коалиција за подобра Македонија за третата изборна единица, каде носители на листи се и Љупчо Николовски од СДСМ, Данчо Марковски од Либерална партија, Марија Џонс од Левица, Нафи Дурмиши од ДУИ, Самир Рушити од ДПА, Весна Стојменовска од Коалиција за промени и правда и Стојанче Ангелов од Коалиција „ВМРО за Македонија“.

Во четворката, покрај Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев носители на листите се и Даница Јованова од Либерална партија, Митко Николов од Левица, Артин Спахиу од ДУИ, Слободан Богоевски од Коалиција за промени и правда, Љубчо Георгиевски од Коалиција „ВМРО за Македонија“ и Јанко Бачев од Народно движење за Македонија. Бачев претходно беше најавен како носител на листа во втората ИЕ, но се одлучиле да направат измени за да ги си измери силите со Заев, Груевски и Георгиевски.

Во петката Антонио Милошоски од Коалиција за подобра Македонија како противкандидати ќе ги има Радмила Шеќеринска од СДСМ, Александар Делов од Коалиција за промени и правда, Љубе Бошкоски од Коалиција „ВМРО за Македонија“,Кице Мицковски од Либерална партија, Здравко Савески од Левица, Агим Шаќири од ДУИ, Адријан Усеини од ДПА и Арбен Лабеништи од НДП и Беса.

За последната шеста изборна единица, Коалицијата за подобра Македонија го избра Влатко Ѓорчев, кој како противници ги има Петре Шилегов од СДСМ, Бранко Мајсторовски Либерална партија, Билал Касами од НДП и Беса, како и лидерите на двете најголеми албански партии, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“