Охрид полн за Велигден, туристите ги запоседнаа хотелите
Објавено во: Македонија 14 Април, 2017
Охрид како главен туристички центар во Македонија ќе биде полн со туристи од земјава и странство, па веќе угостителите планираат добар профит за време на Велигденските празници.
„Јас се надевам дека според она што кажува метеоролошката прогноза, не очекуваат убави пролетни денови за Велигденските празници и се очекува градот да биде преполн со гости и туристи“ вели градоначалникот Бакрачевски за ТВМ.
Од ХОТАМ велат, дека хотелско угостителските капацитети за Велигденските празници се исполнети дури 80%. Очекуваат ваквата слика да продолжи и во предстојната сезона.
„Подготвени сме секако за сезоната 2017, имавме состаноци со сите членки на Хотам и првенствено сите се во очекувања на една позитивна сезона“
Велигденските и првомајските празници вообичаено се најава за главната туристичка сезона. Хотелиерите веруваат дека оваа година Охрид ќе има подобра сезона од претходната.
Извор: tvm.mk