19 Ноември, 2017
0.3198
    ALK 7409.18    0.11%     KMB 2701    -0.03%     MPT 27782.13    -0.78%     STB 934.8    0.37%     TEL 272    -2.82%     TPLF 1656.25    -2.52%

Омразата и злобата во овие времиња - невремиња

Објавено во: Колумни 14 Август, 2017

Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи - стихови испеани од ненатпеаниот Тоше, стихови вистинити  и болни до коска. Овие денови често се присетувам на нив, посебно за време на летниот период, кога имаме малку повеќе време да размислуваме и за секојдневните, навидум обични, но во суштина мошне комплексни работи.  Со секое вклучување на некој интернет портал првенствено ве заплискуваат вести во кои доминираат црни писанија, текстови кои изобилуваат со негативен набој, колумни во кои максимално се гледа да се оцрни некој, без оглед дали истиот добро се познава или воопшто има тронка вистина во тие писанија.

Колку лошотилок и желба за одмазда се вткала во човековиот ум

И навистина е тажно и болно кога гледате колку злоба има во човековата душа, колку јад и чемер се собрало во човековото срце, колку лошотилок и желба за одмазда се вткала во човековиот ум. И тогаш поворно и повторно се запрашувате, ама што е тоа во луѓето тажно да живеат во животи туѓи, да повредуваат, да омаловажуваат, да навредуваат, болка да нанесуваат? Воопшто одговорот не е нималку лесен и едноставен, напротив сложен, но сепак поаѓајќи од Декартовиот постулат - мислам значи постојам, првата асоцијација е дека како рационални суштества пред било кое дејание или искажан збор треба добро да размислиме и обмислиме. Но од друга страна, се навраќам и на Хобсовата - човек на човека е волк и си велам можеби нагоните се уште не сме успеале да си ги социјализираме.

Младите заслужуваат шанса

Ми се урниса митот за алтруизмот, човековата добрина, позитивизмот, посебно кога од врвни интелектуалци, борци за човекови права, луѓе признати и познати ширум светот, излегуваат такви зборови кои не би помислиле да ги кажете и на најголемиот непријател. Само да се блуело отров, да се плукало, без факти, без аргументи, без никакво човечко достоинство, е тоа за мене е врв на нечовечноста.

Дали љубомората и егоизмот се до тој степен всадени кај човека што и оној што некогаш си го величал и кревал на пиедестал, сега наеднаш блуеш против него и му лепиш етикети како недораснат, неискусен, несериозен, не доволно способен да менаџира и слично. Да, за колумнава чашата ми ја прели фамата која се крена околу Дарко Лешоски, оној истиот Дарко кого го обожуваа, оној ист Дарко чија поезија со сладострастие ја читаа, оној ист Дарко, скромен, интелегентен, свој на своето, поет, човек кој внесе нов дух и еден вид на преображение во современата поезија. Да јас лично го почитувам, а ниту го знам и познавам, но ценам кога млади луѓе се храбри, мудри, умеат, на себесвојствен начин, да го прикажат и покажат целото собство во нив збрано, умеат да се изразат поетски и уметнички, комплексно, но и доволно едноставно да секој добронамерник може да ги разбере. Поезијата за мене е мелем за многу рани, лек за она што понекогаш не јадосува, убост која не инспирира и вдахновува, но истовремено и не тера на размисла, не смирува, но и го потикнува оганот во нас. 

Е токму такви јунаци треба да бидат на врвот на институции кои го загубиле сјајот, а се белег на еден град, за мене бисер на Балканот - Струга и верувам дека она што со душа сум го чекала секоја година од дете и бил настан кој ме обземал и растреперувал до крајна емоционалност, ќе биде она што некогаш било. Напред момче, дај и нов елан и дух на поетска Струга, врати ги младите на мостот на поезијата за да повторно со отворени усти ги голтаат стиховите на поетските великани и лауреати, бидејќи само на тој начин ќе придонесеме генерациите уметнички и културно да се оплотуваат и надградуваат. Младите заслужуваат шанса, а на нив останува како ќе ја искористат, но никако однапред, посебно пред некој и да стапне на тронот и да го земе жезолот во свои раце, да биде осудуван, не, тоа не доликува на човек во вистинска смисла на зборот.

Ја фативме удолницата, додека не сме се дотркалале во безднатга да сопреме, бидејќи ако продолжиме како што сме тргнале, ќе го изгубиме и она најдрагоценото што не краси - ЧОВЕЧНОСТА.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

Заев е марионета, рекоа во хор марионетски фановите на Груевски

Заев е марионета, рекоа во хор марионетски фановите на Груевски

Хипокризија на толеранцијата

Хипокризија на толеранцијата

САД-Русија: Око за око, заб за заб и за медиумите

САД-Русија: Око за око, заб за заб и за медиумите

ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРЕХРАМБЕНИОТ СИНЏИР

ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРЕХРАМБЕНИОТ СИНЏИР

Кој го „убива“ Зоран Заев?

Кој го „убива“ Зоран Заев?

Прееманципирана кучка

Прееманципирана кучка